700 милиони евра за субвенции и за рурален развој

Bez autora
Oct 14 2012

Субвенции во висина од околу 700 милиони евра ќе добијат земјоделците во наредните пет години. Начинот на распределба на овие средства се дефинира во националната програма за развој на земјоделството и на руралниот развој за периодот од 2013 до 2017 година, која е во завршна фаза во Министерството за земјоделство и вчера му беше претставена на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Промените што ќе ги донесе овој документ кој наскоро треба да се изготви, да оди на јавна расправа и да се предаде во Владата, ќе бидат во насока на поддршка за стимулирање на квалитетот, на продуктивноста, но и на зголемување на поддршката на руралниот развој, односно на развојот на инфраструктурата. Нашите земјоделци се познати како вредни работници, кои прават квалитетни производи, но потребно е да им се создадат и дополнителни услови, како соодветни патишта и системи за наводнување, кои треба да се зголемат и да се подобрат.

700 милиони евра за субвенции и за рурален развојСубвенции во висина од околу 700 милиони евра ќе добијат земјоделците во наредните пет години.

Начинот на распределба на овие средства се дефинира во националната програма за развој на земјоделството и на руралниот развој за периодот од 2013 до 2017 година, која е во завршна фаза во Министерството за земјоделство и вчера му беше претставена на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

- Промените што ќе ги донесе овој документ кој наскоро треба да се изготви, да оди на јавна расправа и да се предаде во Владата, ќе бидат во насока на поддршка за стимулирање на квалитетот, на продуктивноста, но и на зголемување на поддршката на руралниот развој, односно на развојот на инфраструктурата. Нашите земјоделци се познати како вредни работници, кои прават квалитетни производи, но потребно е да им се создадат и дополнителни услови, како соодветни патишта и системи за наводнување, кои треба да се зголемат и да се подобрат. Потребно е и дополнително стимулирање на употребата на квалитетен семенски материјал, на современи агротехнички мерки и на квалитетни ѓубрива. Дел од субвенциите во наредниот период ќе одат токму во оваа насока - вели вицепремиерот Пешевски и додава дека целта е степенот на додадена вредност во земјоделството и продуктивноста постепено да се зголемуваат и учеството на секторот во бруто домашниот производ да се зголеми.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски вели дека националната програма се подготвува во соработка со научни работници, со странски и домашни експерти и во консултации со институциите во државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik